Search

Синот на Боби Браун пронајден мртов

Познатиот пејач и продуцент Боби Браун вчера загуби уште едно дете. Странските медиуми јавуваат дека Боби Браун ј,униор(28), син на пејачот и продуцент Боби Браун, починал во неговиот дом
во Лос Анџелес. Засега не е соопштена причината за смртта. Неговиот брат Лендон сподели црнобела фотографија од починатото момче, со порака „Те сакам засекогаш“.
Пред Боби јуниор, почина и ќерката на Боби Браун, Боби Кристина Браун (22).

Претходно поминала шест месеци во кома, а била пронајдена во бесознание во бањата, во нејзиниот дом во градот Розвел, американска држава Џорџија.
Погребана е во Њу Џерси, покрај нејзината мајка, познатата пејачка Витни Хјустон, која почина на 48- годишна возраст од последиците од конзумирање наркотици.
Боби Браун, кој се прослави хитови во 90-тите години, често зборуваше за својата покојна ќерка, а
исто така планираше да изгради дом за жени жртви на семејно насилство во спомен на неа.

Треба да знаете
Последни објави