Search

Синовите на Алиша Кис научиле да читаат од усни за да можат да разговараат со неа додека е на турнеја

Синовите на популарната пејачка Алиша Кис научиле да читаат од усни за да можат да комуницираат со својата мајка во текот на турнеја во таканаречените тивки денови, односно кога треба да молчи за да го зачува својот глас пред настап.

39-годишната пејачка – која има два сина Еџипт (9) и Генезис (5) со сопругот Свиз Битз – ги научила како да ѝ читаат од усни во денови кога не треба да зборува со цел да звучи најдобро на своите настапи.

Оваа година Алиша ќе ги спакува своите деца и заедно со нив ќе оди на светска турнеја – The World Tour – во Европа и Северна Америка во текот на летните месеци, а тренингот за читање од усни многу ќе помогне.

Во разговор со Вил Били од Радио Би-би-си 2, Алиша рече: „Навистина е тешко затоа што многу време треба да го чувам мојот глас. Голем дел од времето не можам да зборувам, а исто така морам да спијам затоа што ако не спиете не можете да пеете.“

Синовите со нетрпение чекаат да патуваат низ светот со својата мајка суперѕвезда, па дури и се надеваат дека ќе запеат со неа на некој настап.

Алиша додаде: „Генезис сака да излезе на сцената и да пее со мене. Јас сум изненадена затоа што е малку срамежлив, и малку интровертен. Не сака да биде во голема гужва, сепак ќе вежбаме нешто заедно.“

 

Треба да знаете
Последни објави