Search

Синиша Михајловиќ: Имам леукемија, но ќе победам

На прес-конференција во Болоња, Синиша Михајловиќ откри дека боледува од леукемија, откако денеска во италијанските меиуми се појави информацијта дека е тешко болен.

Тренерот на Болоња рече дека правел тестови кои покажаа некои аномалии, а дополнителното испитување покажало дека станува збор за леукемија.

-Сакав прво на играчи да им кажам. Ме изнервираа италијанските новинари.Имам леукемија. Ја лажев сопругата на денот на тестирањето дека имам треска, но тешко ми одеше да ја убедам. Плачев два дена! Не плачам затоа што се плашам, ја почитувам болеста, но ќе се борам гледајќи ја во очи. Имам леукемија во агресивна форма. Потребно е време за лекување, и јас дефинитивно ќе го победам овој предизвик, рече Михајловиќ.

Тој посочи дека е целосно подготвен да се бори и дека знае како да ја надмине болеста.

-Не можам да дочекам да одам во болница и да почнам да се борам, тоа е агресивна болест, но може да се победи. Им објаснив на моите играчи, сите беа солзи во очите дека мора да напаѓаме и да одиме по победа. Ако само седиме и се обидуваме да се одбраниме веднаш ќе бидеме нокаутирани, рече Михајловиќ.

Тој посочи дека на 28 февруари работел тестови, но дека биле добри. Сепак …

“Јас сум последната личност за која мислев дека може да се разболи, уште сум во ред и да не направев никакви тестови не би ја открил леукемијата. Никој од нас не е неуништлив, кога тоа ќе ви се случува, тоа е удар. Исто така направивме МРИ бидејќи чувствував мала болка во колкот. Видовме проблем со коските, го гледавме и го пронајдовме она што го пронајдовме, реч тренерот на Болоња.

Треба да знаете
Последни објави