Search

Синер ќе го пропушти турнирот во Фиренца

Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да игра на АТП 250 турнирот во Фиренца (Италија) кој ќе се одржи од 10 до 16 октомври.

– Разочарувачки е што морав да се повлечам од мечот во Софија. Зборував со докторот и тој ме советуваше да направам мала пауза за да заздрави скочниот зглоб. За жал, тоа значи дека ќе го пропуштам турнирот во Фиренца следната недела. Пропуштањето на турнирот во Италија е многу болно за мене… Но, сега е време да работам со мојот тим за да станам посилен. Се надевам дека ќе бидам подготвен за турнирите во Виена и Париз, напиша 21-годишниот играч на социјалните мрежи.

На 1 октомври Синер не можеше да го доигра полуфиналниот меч на турнирот во Софија против Данецот Холгер Руне. При резултат 2:3 во решавачкиот сет падна, извртувајќи го скочниот зглоб и по неколку гема Италијанецот реши да се повлече.

Јаник Синер се наоѓа на 12. место на АТП ранг-листата.

Треба да знаете
Последни објави