Search

Синди Крафорд едноставно прекрасна зад сцена на фотосесија

Синди Крафорд го разголи деколтето во бањарка во видео клип објавен на нејзината Инстаграм-страница во петокот.

55-годишната Синди, којa се прослави како еден од најголемите супермодели од 90-тите, сподели поглед зад сцена на новата фотосесија за линијата за нега на кожа Meaningful Beauty што ја започна во 2005 година со францускиот пластичен хирург Жан Луј Себаг.

Синди е во брак со вториот сопруг Ренди Гербер од 1998 година. Нејзин прв сопруг беше Ричард Гир. Ренди и Синди имаат две заеднички деца, Присли (21) и Каја (19), и двете се занимаваат со манекенство.

Синди всушност го создаде терминот супермодел и постави нови стандарди во модната идустрија. Од самиот почеток кога првпат се појави на насловнатa на „Вог“, таа стана синоним за идеална женска убавина.

Синди, заедно со Наоми Кемпбел, Клаудија Шифер, Хелен Кристенсен, Кристи Тарлингтон и Линда Евангелиста самоуверено владееја со светските модни писти во 90-тите години на минатиот век. Тие се заслужни за создавање на статусот супермодел.

Треба да знаете
Последни објави