Search

Синдикатот на Клинички центар го поддржува протестот против насилството врз здравствени работници

Синдикатот на Клинички центар го поддржува протестот под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“ организиран од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари и го повикува своето членство масовно да се придружи на протестот закажан за среда, 18 септември, во 11 часот на хелиодромот во Клинички центар.

Од таму велат дека членовите на Синдикатот својата получасовна пауза ќе ја користат од 11 до 11 и 30 часот со цел да можат да се приклучат на протестот.

„Во оваа прилика сакаме да истакнеме дека Синдикатот на Клинички центар во целост се согласува со Министерот Филипче дека насилството врз докторите, медицинските сестри и другите вработени во здравството е рецидив од минатото и резултат на претходните популистички политики, но истовремено го прашува што направи тој во изминатиот период за да го реши тој рецидив. Според зачестените, а не повремени и инцидентни напади на вработените во здравството очигледно ништо, или со бројки изразено, ако неговиот претходник пред 5 години, се соочувал со 5 случаи на напади на доктор годишно, Министерот Филипче се соочува со 15 случаи на напад на доктор за изминатите 9 месеци од оваа година“, велат од Синдикатот.

Како и за многу други битни работи во здравството, велат од таму, министерот Филипче го исклучи Синдикатот на Клинички центар од учеството во дебатите за решавање на проблемот со насилството во здравството. Со таа постапка, додаваат, ги остави вработените во Клинички центар без влијание во креирањето на политиките на надлежните институции во решавањето на овој многу важен проблем.

„Од овие дебати за изнаоѓање решенија за спречување на насилството ја исклучи и Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, иако е организатор на протестот на кој го најави своето присуство и рече дека ќе го предводи. Со ваквиот селектиран и нетранспарентен пристап, дебатата во Деканатот на Медицински факултет – Скопје доживеа несакан, но предвидлив исход. На самата дебата присуствуваа повеќе излагачи од слушатели, а претседателот на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари јавно ги прогласи организаторите на дебатата за неподобни на протестот. На крајот да прашаме како може да прави дискриминација на вработените во ЈЗУ и на едните да им обезбеди професионално обезбедување, а на другите да им посака добра среќа поради фактот дека по негови проценки се со помала веројатност дека некој ќе ги нападне“, велат од Синдикатоt.

Треба да знаете
Последни објави