Search

Синдикатот во Армијата на Србија: За инцидентот во РТС виновни и власта и опозицијата

Воениот синдикат на Србија денеска објави дека за инцидентот во РТС се одговорни и власта и опозицијата, и дека ниту еден од учесниците во мировниот протест не знаел за намерата на некои политичари да се упадне во РТС.

„Ароганцијата во провоцирање на луѓето кулминираше минатата ноќ, а емитувањето серијата на првата програма на РТС за време на народна ескалација е врв на безобразлукот и понижување”, нагласуваат од Синдикатот.

Во соопштенеито се додава дека армијата е секогаш е со народот и луѓето на власт мора да знаат дека не треба да употребуваат сила против народот.

„Тоа мора да им биде јасно на оние кои се на чело на војската кои носат важни одлуки и кои треба да го штитат уставниот поредок, а не поединците на власт”, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави