Search

Синдикатите: Не го прекинуваме штрајкот додека Макрон не се откаже

Претставниците на синдикатот во Франција соопштија дека нема да го прекинат штрајкот сè додека претседателот Емануел Макрон не поднесе оставка од најавената реформа на пензискиот систем.

„Ќе штрајкуваме најмалку уште една недела, а на крајот од неделава останува на владата да се повлече“, рече еден од претставниците на синдикатот, пренесува „Ројтерс“.

Како што се наведува, исходот зависи од тоа кој прв ќе попушти – синдикатите кои ризикуваат да ја загубат јавната поддршка ако прекинот во сообраќајот потрае, или претседателот, чиј мандат досега го обележаа низа социјални немири.

Засега синдикатите ги поддржуваат медицинските работници, железничките работници и наставниците, како и противниците на владата.

Намерата на Макрон е да се поедностави пензискиот систем, според кој има повеќе од 40 основи за пензија и според кој, на пример, работниците во железница или маринците можат да заминат во пензија 10 години пред просечниот работник.

Макрон рече дека системот не е праведен и дека чини премногу поради што Французите мора да работат подолго.

Треба да знаете
Последни објави