Search

Сингапур/Ковид-19: Затвор за прекршување на социјално дистанцирање

Секој кој во Сингапур ги крши правилата за социјално дистанцирање од денеска би можел да заврши во затвор, откако тој град држава прогласи за кривично дело намерно приближување кон друго лице за време на епидемија на со новиот коронавирус.

Според законот за заразни болести, секој кој намерно ќе се најде на растојание помало од еден метар од друго лице на јавно место ќе биде прогласен за виновен за прекршок.

Паричната казна за сторителите ќе биде до 6.990 долари или до шест месеци затвор, или и двете. Новото правило ќе важи до 30 април.

Бројот на потврдени случаи на заразени со Ковид-19 во Сингапур се зголеми за 52 на 683 вчера, со два смртни случаи досега.

 

Треба да знаете
Последни објави