Search

Синагогите во САД одржуваат вежби за подготвеност по масакрот во Питсбург

Синагогата „Храм Бет Хилел-Бет Ел“ во Винвуд, Пенсилванија, за време на службите спроведува вежби со сценарија за дејствување во случај на вооружени напаѓачи за обука на верниците како да дејствуваат во случај на вистинско масовно пукање, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Овој вид обука обично вклучува акција „бегај, скриј се, бори се”, што значи дека верниците треба да изберат една од трите опции – да избегаат на безбедно место, да се скријат во некој вид засолниште или да се борат со стрелецот.

Се зборува дека некои синагови имаат и детални планови во случај на напад покрај широк спектар други безбедносни мерки усвоени по масакрот во Питсбург, во кој 11 лица загинаа во синагогата „Дрво на животот“ на 27 октомври 2018 година.

Овие постапки вклучуваат заклучување врати, зајакнување на прозорците и ангажирање на вооружено обезбедување. Според „Тајмс од Израел“, некои заедници ги поттикнале верниците да носат оружје на службите, додека други вовеле нови ограничувања.

Во меѓувреме, повеќе од 20 синагоги во областа на Њујорк одат на курсеви за самоодбрана кај Ави Абрахам, израелски експерт за боречки вештини кој ги учи „крав мага“, борбен систем дизајниран за израелските одбранбени сили (ИДФ). Курсот на Абрахам, кој, наводно, чини 1.500 до 2.000 долари, се состои од шестчасовни сесии за верниците на кои тие учат како да се борат против вооружен напаѓач.

Потребата за такви вежби станал очигледна по низата смртоносни напади во американските синагоги: на 27 октомври 2018, вооружениот напаѓач Роберт Бауерс уби 11 и повреди шест други верници во синагогата „Дрво на животот“ во Питсбург, Пенсилванија, извикувајќи “сите Евреи мора да умрат” во текот на нападот. По престрелката со полицијата, Бауерс бил застрелан и уапсен.

Неколку месеци подоцна, на 27 април 2019 година – последниот ден од Пасха, 19-годишниот Џон Ернест отвори оган во синагогата „Чабад“ во Павеј, Калифорнија, при што загина еден човек, а тројца беа ранети. Ернест, за кој се вели дека бил мотивиран од нападот во Питсбург, подоцна беше уапсен.

Треба да знаете
Последни објави