Search

Симиќ: Не може да се говори за мир и безбедност во земјата кога Србите немаат леб да јадат

Потпретседателот на партијата на косовските Срби, Српска листа, Игор Симиќ порача на денешниот протестен собир во северна Митровица по повод таксата од 100 отсто што Владата во Приштина ја воведе на производите од Србија, дека не може да се говори за мир и безбедност во земјата кога Србите немаат леб да јадат.

– Можеби денеска можевте да најдете малку млеко во продавниците, но утре нема да најдете и така нема да имаме веќе леб да јадеме, изјави Симиќ.

Потпретседателот на најголемата партија на косовските Срби истакна дека ваквите мерки на Владата во Приштина ќе ги принудат Србите да се иселат од Косово.

– Оваа такса директно влијае на нашите животи. Луѓето ќе немаат леб да јадат. Не ни треба мир и безбедноста кога гладуваме, порача Симиќ.

Тој нагласи дека на денешните протести на четири локации во северниот дел на Косово се собрале повеќе од 16.000 луѓе, заблагодарувајќи им се на граѓаните што го направиле тоа на мирен начин, со цел да не се дозволи било кој да ја злоупотреби ситуацијата и да предизвика реакција на Србите.

На протестите на косовските Срби во Митровица, како и во Зупче, Јариње и Мердаре, освен укинувањето на мерката за зголемување на таксите на увозот од Србија, се бара и ослободување на Србите кои утрово беа уапсени во акција на специјалните полициски единици во северна Митровица. Градоначалниците на четирите општини со српско население во северно Косово по денешната средба побараа да се ослободат уапсените, или да се изнесат валидни докази за нивна вмешаност во кривичните дела за кои се обвинуваат.

Во акцијата на косовските специјалци беа уапсени четворица Срби, од кои тројца осомничени за убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ, што се случи во јануари годинава пред седиштето на неговта партија во северна Митровица. Двајца од осомничените кои беа уапсени денеска се припадници на косовската полиција.

Треба да знаете
Последни објави