Search

Симеоне: Суарез сфаќа дека Атлетико е вистинското место за него

Атлетико Мадрид се радува на вклучувањето на новото засилување Луис Суарез. Јужноамериканецот пристигна како слободен агент и вчера го направи првиот тренинг со тимот.

Тренерот Диего Симеоне потврди дека тој ќе биде во групата за мечот со Гранада, која е во недела од 16 часот.

– Утре ќе одлучиме дали Суарез ќе започне од почеток или ќе запише минути во второто полувреме. Факт е дека вчера беше многу долг ден за него, но имаше време да тренира. Тој покажа ентузијазам, објасни Симеоне.

Чоло објасни и дека Луис се согласил да дојде кај нив по првиот нивен разговор.
– Вистината е дека го посакувавме како играч на Ливерпул, но тој во 2014 година ја избра Барселона. Сега Суарез сфати дека Атлетико е вистинското место за следната фаза од неговата кариера. Тој сака да продолжи да докажува дека е вреден напаѓач. Во нашиот клуб секогаш доаѓаат играчи кои се полни со ентузијазам и желба да се докажат – исто како него, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави