Search

Силјановска со методите на Груевски, на 5 мај ќе го добие одговорот од Шарената револуција

Силјановска со методите на Груевски, на 5 мај ќе го добие одговорот од Шарената револуција

Силјановска ги побара гласовите на разочараните припадници на Шарената револуција, но одби да дебатира со дел од нив и да ги слушне нивните прашања и размислувања.

Силјановска го направи она што го правеа 10 години и повеќе нејзините политички патрони од ВМРО-ДПМНЕ, одби да дебатира со дел од активистите на Шарената револуција, кои во последниве 2 години и тоа како ја критикуваат сегашната власт.

Наместо тоа, Силјановска одбра да го направи она што го правеше во последната деценија партијата, криминалната братучедија и медиумската плукачка машинерија што стоеја и стојат зад неа.

Ги стави сите во еден кош. Ги етикетираше сите „шарени“ што бараа дебата со неа како министри, пратеници, советници, членови на управни одбори, иако многумина од нив ниту се дел од власта, ниту работат државна работа, и речиси секојдневно упатуваат прилично остри критики на адреса на власта. Како и тие што вчера и денес стојат зад неа, Силјановска си даде за право, од позиција на човек кој го немаше за време на Шарената револуција, да кажува кој смее, а кој не смее да се идентификува со револуцијата, кој е револуционер а кој не, кој е активист, а кој не…

На кого ли ве потсетува таквиот став?

Мене, драги пријатели, ме потсети на ставот на пастирот на оние што стојат зад Силјановска, војводата од Будимпешта, и политиката што тој ја спроведуваше цела деценија. Тој 10 години одбиваше дебата со политичките противници велејќи дека неговата дебата е со „народот“. Тој повикуваше на „десоросоизација“ и нарачуваше, а неговите медиуми, плукачи и насилници спроведуваа јавни хајки, напади и дискредитации над интелектуалци, активисти, новинари, професори. Тој бираше со кого ќе дебатира, а со кој не. Тој своевремено кажуваше кој е новинар а кој не, кој медиум треба да го гледаат граѓаните а кој не. Тој затвораше медиуми и упаѓаше со полиција во нив, а Силјановска тоа го апологираше јавно. Тој го нарача државниот удар на 27 април, нарача убиство на луѓе и војна, а од тоа не се дистанцираа ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Силјановска.

Силјановска и рече „не“ на дебатата со луѓето од кои побара глас, ги вкалапи сите како поддржувачи на власта, и одбра да продолжи да ја готви децениската бајата пропагандистичка манџа на Груевски, да „држи став“. На 5 мај, ќе го добие одговорот од Шарената револуција.

#NieNeSmeLudaci

Извор: civilmedia.mk

Треба да знаете
Последни објави