Search

Силјановска: Политичката зима во Македонија ќе заврши со сонце

Претседателската кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова очекува поголем одѕив во вториот круг и победа со повеќе гласови на своето конто.

По гласањето таа изјави дека конечно политичката зима во Македонија ќе заврши со сонце.

Мислам дека таргетот на кој се концентрирав, односно групите граѓани за кои мислам дека ќе се инспирираат или да им се разјаснат дилемите дали да излезат или не. Дека успешно го завршив, денот почна како со зима тоа е политичката зима во Македонија, мислам дека ќе заврши со сонце.

Таа повтори дека службено ќе го користи новото уставно име на Северна Македонија, но дека лично, сепак, ќе се користи само со името „Македонија“.

“Новото име сега се користи во нашите институции и официјално тоа ќе го почитувам, но ќе дадам сé од себе во иднина да се докаже дека процедурите и уредување на Преспанскиот договор има неколку несогласувања со нашето и меѓународното право. Како правник и професор по право ќе го користам новиот име, но нема лично “, рече Силјановска.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави