Search

Силјановска од ДПМНЕ удри врз Силјановска од СДСМ и ЛДП

Силјановска од ДПМНЕ удри врз Силјановска од СДСМ и ЛДП

Претседателскиот канидат на ВМРО ДПМНЕ во синоќешното обраќање пред центарци, ја обвини Владата на СДСМ и ЛДП во деведесетите за транцизијата, чиј министер беше токму таа пренесува центар.мк.

Нов гаф, грешка или тотално погрешна тактика?

„Во Македонија политичарите и менаџерите на оваа власт во 90-тите години ги изедоа граѓаните и работниците. Преку ноќ се создаде една олигархиска група која не знае што да направи со парите. Затоа е шокантно кога социјалдемократите се фалат со енормни богатства“, рече Силјановска на синоќешниот миитнг, осврнувајќи се на транзицијата од 90-тите години.

Гордана Силјановска од 1992 до 1994-та година беше министер без ресор во Владата на Бранко Црвенковски. Тоа е несомнен факт кој не може да се заборави, како што е познато и дека нејзиниот сопруг во деведесетите добил дозвола за фри-шоп од тогашна власт на СДСМ.

-Извадок од стенографска белешка од седумдесет и седмата седница на Собранието, одржана на 14-ти јули 1994:

Гордана Силјановска – Дафкова, преку нејзината функција нејзиниот сопруг се обезбеди со фри-шоп од кој сигурен сум дека дебело профитира, што е нормално, добро работат фри шоповите, рекол Александар Флоровски, тогашен пратеник на 14-ти јули 1994 од собраниската говорница.

извор: centar.mk

Треба да знаете
Последни објави