Search

Силјановска и Мицкоски во Брисел во ЕПП, а ЕПП ја призна ВМРО ДПМНЕ под Северна Македонија

Силјановска и Мицкоски во Брисел во ЕПП, а ЕПП ја призна ВМРО ДМПМНЕ под Северна Македонија

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и кандидатката за претседател на партијата, Гордана Силјановска од денеска се во дводневна посета на Брисел.

Според информациите и двајцата ќе земат учество на политичкото Собрание на Европската Народна Партија (ЕПП).

Интересно е што ЕПП уште веднаш по стапувањето на сила на договорот, во делот на земјите членки каде што стоеше ВМРО ДПМНЕ, од ФИРОМ, го промени со ВМРО ДПМНЕ од Северна Македонија, притоа имајќи го во предвид фактот дека високите функционери на ВМРО ДПМНЕ беа против Преспанскиот договор.

Засега нема информации дали Мицкоски и Силјановска ќе реагираат до ЕПП да го вратат старото име на земјава, во графите каде што стои името на ВМРО ДПМНЕ.

Средби со официјални лица од ЕПП и претставници на Европскиот парламент
Високите претставници од ВМРО ДПМНЕ ќе имаат средби со Едвард Кукан, кој е и известувач за Македонија во Европскиот парламент, европратеничката Марија Петир, Манфред Вебер – кандидат за претседател на Европската комисија и актуелен претседавач со групата на Европската народна партија во ЕП, со Дејвид Мекалистер – потпретседател на Европската народна партија и претседавач на Комисијата за надворешни работи на ЕП, како и со претседателот на Европската народна партија, Жосеф Дол. Се очекуваат и разговори со хрватскиот премиер Пленковиќ, лидерот на најголемата словенечка партија Јанез Јанша, како и со повеќе лидери на младинските движења и развојни политики во рамките на Европската Унија.

Треба да знаете
Последни објави