Search

Силјановска и Мицкоски бегаат од граѓани не се појавиле на митинзите во Лозово и Чашка

20-тина членови во Лозово во 16 часот и 30 минути се собрале на закажаното место за митингот на кандидатката на ВМРО ДПМНЕ, но Силјановска не се појавила.

Засега е непознато зошто Силјановска не се појавила на закажаната средба со граѓаните на Чашка.

Дел од жителите велат дека можеби причината за откажувањето на партискиот настан е слабата заинтересираност на граѓаните, за која и во опозициската партија биле свесни, но дека требало барем да ги известат присутните и да покажат малку почит кон своите поддржувачи.

На партиската страница или фан страна нема никакво образложение за откажувањето, како што на пример пред неколку дена Силјановска се извини поради тоа што не можеше да присуствува на митингот во Крушево.

Извор: Центар.мк

Треба да знаете
Последни објави