Search

Силјановска до Заев за „метлата“: Се чудам од каде „смрдеше рибата?

Претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова им порача на премиерот Зоран Заев и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски дека „народот ќе и им ја испорача метлата“.

Коментарот на Силјановска следи по вчерашниот гест на актерот Драган Спасов Дац кој на митингот на СДСМ во Карпош му подари метла на Заев да подрасчисти во Владата, а премиерот потврди дека ќе расчисти со функционерите кои немаат капацитет.

– Се чудам од каде „смрдеше рибата?! Народот ќе ви ја испорача „метлата“ на 5 мај – напиша Силјановска на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави