Search

Силјановска: Дилетантски е да анексирате Патоказ про-форма, стравувам дека тоа беше и намерата со трчање за онлајн седници

Професорката и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова вечерва на вестите во Сител телевизија истакна дека дилетански е да донесете Патоказ само про – форма, стравува дека власта ќе донесе Анекс, една од причините зашто се притискало за онлајн седниците во Собранието.

-Во однос на патоказите јас го почитувам мислењето на експертите, вчера ја чувме Малинка Ристовска која укажа дека патоказ е патоказ, за мене многу дилетантски звучи да склучиме Патоказ про-форма, но тоа нема да биде дел од рамката за преговори, што е типично балкански манир, вели Силјановска Давкова.

Силјановска критикуваше дека ако власта го донесе тој Патоказ во Собранието,нејзиниот страв е дека трчањето по онлајн седниците е токму заради донесување на некаков Анекс за Патоказ, тогаш дали е тоа дел или не е од преговарачката рамка Бугарија ќе инсистира на него, затоа што ветото кое и е на располагање и стои во рацете и во понатамошната фаза.

Во однос на улогата на претседателот на државата неговото постапување како и на државниот врв Силјановска Давкова посочи:

-Јас реков дека кога се работи во менаѓунардните односи за поделена надлежност претседателот на државата не може да биде запоставен, да бев јас на негово место ќе го искористев уставното право да се обратам пред Собранието и да го образложам проблемот, како право кое го има еднаш во годината, како и ќе му укажев на премиерот, министерот за надворешни работи и министерот за евроинтеграции за оние работи кои сега ги слушаме од медиумите, вели таа и дополнува дека ова прашање морало да биде  усогласено меѓу нив затоа што од старт од ист тон говореа и г-динот Радев и г-динот Борисов,а во уште порадикален тон Захариева и Каракачанов.

Таа посочи во вестите дека требаше да утврдиме сами меѓу себе рамка и затоа цени дека она што го направија бугарските политичари кои се договорија во Собранието, требаше истото да се направи и овде за да може сите наши претставници да имаа еден документ кој ќе содржеше црвени линии за кои прашања немаше да се разговара како демократски аргумент, но тоа не се случи туку вонинституционално се дејствуваше.

Во однос на интервјуто на премиерот Зоран Заев Силјановска рече дека интервју не може да биде начин на соопштување на ставови кои се многу различни од она што претходно беше изјавувано.

Таа исто порача дека последната институција која треба да работи онлајн е Собранието,а она што се случува во Собранието е парламентарна диктатура на мнозинството.

 

Треба да знаете
Последни објави