Search

Силјановска Давкова: Задржување на младите во државата преку вработување на најдобрите, стипендирање, 4 милиони евра за претприемачка иницијатива за младите

Носителката на изборна единица 1 Гордана Силјановска – Давкова на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ Силјановска – Давкова од  Македонски брод истакна дека младите се во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ и програмата „Обнова“ каде ВМРО-ДПМНЕ се обврзува најдобрите млади луѓе да се најдат на правите работни места и  огромен број на мерки за задржување на младите во државата.

„Како ќе ги задржиме младите, така што најумните млади ќе се најдат на најдобрите места. Зошто ако во програмата пишува нешто што со години велам дека треба да го правиме. Не си одат тие заради луксузниот живот си одат заради тоа што погрешни луѓе се на право место затоа што на конкурсите последниот влегува а првиот заминува, затоа фрустрирани неспособни луѓе се плашат од конкуренција и сакаат да бидат опкружени со војници послушни обожаватели„ истакна Силјановска.

Дополнително носителката на изборна единица 1 Силјановска – Давкова кажа дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за демократичност истакна дека на листите за разлика од СДСМ каде преовладуваат лица кои се истрошени и некомпетентни кај ВМРО- ДПМНЕ преовладува енергија, младост, знаење и квалификуваност.

„Споредете ги нивните листи со нашите. Или се тоа истрошени, истиштени потрошени политичари кои од деца се во политиката и за д себе немаат ништо ама ние зад себе имаме професија реализирани сме и сега решивме она што сме го добиле од Македонија да и го вратиме. Знаењето, енергијата и најмногу ако сакате љубовта„ потенцираше Силјановска – Давкова.

На крај Силјановска – Давкова како носителка на изборна единица 1 на ВМРО – ДПМНЕ и „Коалицијата за Обнова на Македонија„  порача дека ВМРО–ДПМНЕ нуди огромен број на проекти од развој на туризам до зајакнување на економијата каде што ќе имаат бенефит  сите граѓани на земјата.

„Плаче Поречиево за селски туризам, плаче Поречиево за плодови од шумата, плаче Поречиево за здрава храна, плаче Поречиево за екстремни спортови оти тоа е она што е можно, плаче рекава за мост, плаче рекава за кеј, плаче местово за уредување. Јас ве уверувам дека со собра кормилар не тој котви што ќе фрлаше овој прекрасен зелен брод навистина ќе тргне во вистински правец“ порача Силјановска.

Треба да знаете
Последни објави