Search

Силјановска Давкова: Болна држава не може да се справи со предизвиците, но обновена политика, со демократско граѓанска програма може

Честопати ме слушате дека ќе ги претставувам граѓаните и ќе гласам по сопствено уверување, на оваа линија еве денеска присуствувате на отворањето на Граѓанскиот штаб на кандидатите за Изборната единица 1, Граѓански дом.

Гледате овде многу материјали, јас велам дека ова не е партиска читанка, туку програмата е демократска читанка, во која ќе се соочите со тези, со ветувања, со проекти, со активности што немаат никаков партиски белег, туку имаат демократско обележје.

Јас имам длабоко разбирање за чувството кое е растечко на антиполитика или апатијата, заради незадоволството од она што треба  да биде политика.

Меѓутоа уште еднаш повторувам ние кои не сме партиски членови, но кои препознаваме во програмата демократски предизвици, ние кои сме убедени дека мора да се стави крај на оваа политика. Ги повикуваме сите да се соочат или да се заштитат Ковид-19 меѓутоа да помислат на здравјето на државата. Зашто болна држава не може да се справи со Ковид-19 и јас ве повикувам после 15-ти јули овде во овој простор новиот почеток, новата политика, обновената политика да ја прославиме.

Треба да знаете
Последни објави