Search

Силјановска: Благодарение на „Јога со Гога“ секој ќе има добра нога во „Еден на еден“

Силјановска: Благодарение на „Јога со Гога“ секој ќе има добра нога во „Еден на еден“

Кандидатката за претседател, Гордана Силјановска, заигра рокенрол во емисијата „Еден на еден“, која треба да се емитува оваа недела во 18.30 часот на Канал 5. Најавата за емисијата е веќе објавена и доби големо внимание од јавноста.

Во „Еден на еден“ ќе гостува и кандидатот на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски.

-Ќе ја гурам државата напред, човек што има „југо“ навикнат е да гура – вели Пендаровски доколку стане претседател.

-Благодарение на „Јога со Гога“ секој ќе има добра нога – вели, пак, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави