Search

Силување во Сибир предизвика насилни протести и гнев против мигрантите

Бесните жители на Јакутск во Сибир, источна Русија, одржаа спорадични митинзи и ги уништија продавниците поседувани од мигранти откако еден маж од Централна Азија силувал локална жена. Случајот ги поттикна властите да се заложат за стопирање на нелегалната миграција, пренесува РТ.

Во текот на изминатите неколку дена жителите на Јакутск ги напаѓаат и малтретираат мигрантите од Централна Азија и бизнисите во сопственост на мигранти барајќи од странците да си заминат, соопшти полицијата.

„Дојдоа тука и ни се закануваа со пиштол. Ни рекоа: ‘Затворете се и одете дома. Повеќе нема да живеете тука’”, изјави еден мигрант за РТ.

Имаше шпекулации дека неколку луѓе се хоспитализирани, па дури и убиени, но полицијата негираше дека се случиле такви инциденти. Полицајците беа распоредени за заштита и на локалната џамија откако бесната толпа одржа протест пред нејзиниот влез.

Бранот антиимигрантски гнев беше предизвикан од неодамнешен случај во кој локална жена беше киднапирана и силувана. Иако осомничениот беше брзо фатен и се изјасни за виновен, локалните жители се разбесниле откако од медиумите дознале дека станува збор за мигрант од Киргистан. Ова подоцна беше потврдено и од гувернерот.

Веста веднаш доведе до спорадични неодобрени протести од локалните жители кои ги обвинуваат странците за крадење на работните места и за вршење злосторства во градот.

Властите подоцна одржаа свој масовен собир на кој гувернерот Ајсен Николаев вети дека ќе преземе остри мерки против нелегалната миграција.

„Ќе ги идентификуваме илегалците и ќе ги депортираме”, ѝ рече тој на толпата.

Полицијата во меѓувреме ги предупреди сите да не поттикнуваат етнички конфликти, а неколку лица се притворени за насилство. Многу кафулиња и продавници во сопственост на мигранти, сепак, остануваат затворени, а околу 100 автобуси останаа во депоата бидејќи возачите-мигранти се плашат да се појават на работа.

Треба да знаете
Последни објави