Search

Силувана холандска тинејџерка си го одзеде животот со законска евтаназија

Седумнаесетгодишна тинејџерка од Холандија, која била жртва на сексуална злоупотреба, си го одзеде животот со помош на државната програма за евтаназија по долгогодишната борба со депресијата и менталното заболување, пренесува РТ.

Ноа Петовен си го одзеде животот во својот дом во Арнхем во неделата со помош на клиниката за евтаназија. Аистираното самоубиство е легално во земјата според Законот за прекин на животот по барање и асистирано самоубиство од 2001 година, за кое е потребно одобрение од лекар кој мора да заклучи дека болката на пациентот е неиздржлива.

На денот пред нејзината смрт, Потовен ја сподели својата одлука со повеќе од 10.000 следбеници на Инстаграм.

„Во рок од 10 дена ќе умрам”, напиша таа. „По неколку години борбасе е готово. Јас веќе престанав да јадам и пијам некое време, а по многу разговори и критики беше одлучено да ме ‘ослободат’ бидејќи моето страдање е неподносливо. Завршено е.”

Петовен блогираше за прашањата поврзани со менталното здравје и пишуваше за својатабитка со депресија во наградената автобиографија „Победа и учење”. Во книгата, тинејџерката детално ги опишува искуствата со сексуална злоупотреба и силување, поради кои таа со години се криела од срам.

Иако евтаназијата останува мошне контроверзна, секоја година се поголем број луѓе поминуваат низ процедурата. Според најновите податоци, во 2017 година во Холандија имало над 6.500 асистирани самоубиства, што е за 8 отсто повеќе од претходната година. Евтаназијата е легална и во Канада и во Белгија.

Треба да знаете
Последни објави