Search

Силувана и запалена ветеринарка во Индија идентификувана според накитот и облеката

Полицијата во Индија се сомнева дека ветеринарката (27), чие тело било пронајдено во предградието на Хајдерабад, била силувана пред да биде убиена и запалена.

Високиот полициски службеник Пракаш Реди за „Би-би-си“ изјави дека чекаат наоди од обдукција за официјално да потврдат како жртвата починала и дали е силувана пред да биде запалена.

„Доведовме четворица мажи на сослушување“, додаде Реди. Жената, чиј идентитет не е откриен, околу 16 часот заминала од работа со велосипед за да стигне на лекарски преглед. Нејзината сестра и ’кажала на полицијата дека жртвата се јавила и ѝ рекла дека се испразнила гумата од велосипредот и дека возачот на камион се понудил да ѝ помогне. Tаа ѝ рекла на својата сестра дека е малку исплашена затоа што веќе е доцна. Семејството на жртвата се обидело да ја повика повторно по некое време, но нејзиниот телефон беше исклучен. Членовите на семејството организирале потрага, но никаде не можеле да ја најдат и ја контактирале полицијата.

Кога било пронајдено нејзиното изгорено тело, семејството ја идентификувало врз основа на накитот и облеката.

Треба да знаете
Последни објави