Search

Силна тридневна соларна бура ќе ја погоди Земјата наскоро

Тридневна магнетна бура ќе ја погоди нашата планета кон крајот на септември, објави лабораторијата за астрономија на Институтот за физика на Руската академија на науките.

Соларната бура ќе започне на 27 септември, а ќе заврши на 29 септември. Во текот на првите два дена нарушувањето на магнетосферата на Земјата ќе биде посилно, категорија Г2, а третиот ден ќе ослабне интензитетот на соларната бура, тврдат од Институтот.

Соларни бури од категоријата Г2 влијаат на енергетските системи, на сателитските уреди и на радиобрановите со висока фреквенција.

Треба да знаете
Последни објави