Search

Силна експлозија во фабрика за гас во Кина

Многу силна експлозија одекна во фабрика за гас во централниот дел на Кина, при што биле искршени прозорци и врати на згради кои се наоѓале на оддалеченост од три километри.

Инцидентот се случи во фабриката за гас Јима во провинцијата Хенан. Според државните медиуми, бројот на жртвите засега не е познат.

Смртоносни хаварии во индустрискиот сектор се честа појава во Кина, каде правилата за безбедност не се применуваат правилно.

Во март годинава во експлозија во хемиска фабрика во провинцијата Жансу загинаа 78 луѓе, а стотици беа повредени. Во еден од најголемите инциденти во индустрискиот сектор во Кина во 2015 година загинаа најмалку 165 лица при силни хемиски експлозии во пристаништниот град Тиенжин.

Треба да знаете
Последни објави