Search

Силна експлозија во Крајстчрч, повредени и евакуирани жители

Во силна експлозија на гас во Крајстчрч, каде што пред четири месеци имаше смртоносни напади во две џамии, повредени се шест лица, а десетици жители се евакуирани од своите домови.

Експлозијата е почувствувана и на неколку километри од настанот, а првично луѓето мислеле дека е земјотрес или експлозија на бомба.

Властите соопштија дека станува збор за експлозија на гас, а истрагата е во тек.

Според полицијата, експлозијата претствува „сериозен инцидент”.

Во две џамии во Крајстчрч пред четири месеци напаѓач уби 51 лице и рани десетици.

 

Треба да знаете
Последни објави