Search

Силите на Хафтар се заканија со напад на цивилни авиони над Триполи

Бунтовничките сили на генералот Калифа Хафтар во Либија го прогласија Триполи за „зона без летови” и се заканија дека ќе гаѓаат цивилни авиони над главниот град.

Аеродромот Митига, единствениот што работи во Либија, неколку пати беше мета на напади откако Либиската национална армија започна офанзива за заземање на Триполи, кој е под контрола на меѓународно признатата влада.

Владата ги повика Обединетите нации да преземат сериозни и ефикасни мерки за да овозможат безбедност на цивилите и цивилната авијација на кои им се заканува опасност од милицијата која напаѓа.

Портпаролот на генералот Хафтар, Ахмад ал Месмари преку соопштение испрати порака дека „секој воен или цивилен авион кој лета над престолнината ќе биде уништен”.

Тој тврди дека турските војници кои ја поддржуваат владата го користат аеродромот како база.

Треба да знаете
Последни објави