Search

Силите на Хафтар блокираа авион на Мисијата на ОН во Либија

Силите лојални на командантот Калифа Хафтар блокираа авион што превезуваше персонал на Обединети нации во Либија, со што спречија достава на хуманитарна помош и планираната посредничка мисија, соопшти денеска Мисијата на ОН во Либија (УНСМИЛ).

– Либиската национална армија (ЛНА) на Хафтар го контролира источниот дел на земјата од април 2019 година, а последните неколку недели повеќе пати одби да дозволи слетување на авионите на ОН, соопшти УНСМИЛ.

УНСМИЛ има голема база во Триполи откаде се дистрибуира хуманитарната помош  за бегалците и раселените лица.

Либија по соборувањето на Моамер ел Гадафи во 2011 година е поделена земја помеѓу ривалските страни кои се борат за превласт. Но, нивните судири се интензивираа во април минатата година кога Хафтар презеде голема офанзива врз Триполи, но меѓународно признаената влада возврати и настана пат позиција.

Меѓународно признаената Влада на Фајез ал Сараџ, со седиште во Триполи контролира помал дел од државата. Додека генерал Хафтар, чие седиште е во Тобрук, контролира поголем дел од земјата и поголем број нафтени полиња.

Треба да знаете
Последни објави