Search

Силен земјотрес ја погоди Алјаска

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на Енкориџ, најголемиот град во американската држава Алјаска, објави геолошкиот институт на САД.

Според агенцијата „Ројтерс“ засега нема извештаи за причинета материјална штета или жртви.

Се вели дека земјотресот е регистриран на 11 километри југозападно од Поинт Мекензи, на длабочина од околу 40 километри.

Треба да знаете
Последни објави