Search

Силен земјотрес ја погоди Австрија: Почувствуван и во Словенија и Хрватска

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот дел на Австрија. Земјотресот се случил во областа меѓу Грац и Виена во 2 часот и 59 минути, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри.

Земјотресот бил почувствуван во Австрија, Чешка и Словенија, но пријавиле и некои од Хрватска, од Загорје и Загреб.

-Силно тресење од неколку секунди. Некои предмети се превртеа и паднаа – е еден од коментарите што ги објави Вечерњи.хр.

-Не разбуди тресењето на гардеробата, не знаевме што се случува – е уште еден коментар.

Треба да знаете
Последни објави