Search

Силен земјотрес регистриран во Тибет

Американскиот Институт за геологија соопшти дека во Тибет синоќа е регистриран силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри во слабо населено подрачје.

Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави