Search

Силен земјотрес го погоди западниот брег на Турција

Силен земјотрес со магнитуда од 5,6 степени по Рихтер го погоди западниот брег на Турција, а се почувствувал и во јужниот дел на Грција и во Бугарија. Епицентарот на земјотресот бил 144 километри северозападно од градот Измир во Турција, соопшти Евро-медитерскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Жителите во областа погодена од земјотресот на страницата на ЕМСЦ коментирале дека земјотресот траел околу 7 секунди, а некои напишале дури и 30 секунди, при што се треселе ѕидовите, полиците и светилките.

Треба да знаете
Последни објави