Search

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на Филипини, предизвикувајќи паника во престолнината Манила. Вработените во градот излегоа од канцелариите, гостите од хотелите, а некои дури и со шлемови на главите, додека железничкиот сообраќај на кратко беше во прекин, јавија американските медиуми.

Епицентарот на потресот бил на околу 40 километри североисточно од пристаништето Бурдеоа, во североисточната покраина Кезон, на длабочона од 10 километри, соопшти филипинскиот Институт за сеизмологија и вулканологија.

Се уште нема информации за евентуално повредени или предизвикани штети.

Треба да знаете
Последни објави