Search

Силен земјотрес во близина на Нова Каледонија

Силен земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска погоди област во Јужниот Пацифик во близина на Нова Каледонија, соопшти американскиот Геолошки завод.

За сега нема податоци за евентуална штета или повредени луѓе.

Не е издадено ниту предупредување за цунами.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од 14 километри.

Треба да знаете
Последни објави