Search

Сиа посвоила две момчиња од 18 години

Австралиската пејачка и текстописец Сиа (44) во едно интервју за емисијата „The Morning Mash Up“ потврдила дека минатата година посвоила двајца синови.

 

Имено, нејзините синови кои сега имаат 19 години ја поминале границата во години за кои се грижи социјалната служба.

 

Таа гостувајќи онлајн во емисијата, изјавила:

– Јас посвоив два сина минатата година. Двајцата во тоа време имаа 18 години, а сега имаат 19 и многу ги сакам – открила пејачката.

Исто така, поп-ѕвездата открила како нејзиното семејство се снашло за време на пандемијата од коронавирусот и објаснила дека на еден од синовите му било навистина тешко да се навикне да живее затворен во куќа.

– Двајцата го прават тоа што е добро да се прави во карантин, двајцата учат – рекла Сиа.

Треба да знаете
Последни објави