Search

СЗО ја објави првата глобална стратегија за решавање на каснувања од змија

Светската здравствена организација (СЗО) ја објави својата прва глобална стратегија за справување со проблемот со каснување од змија, со цел да се преполови бројот на починати и онеспособени лица до 2030 година.

Секоја година, речиси три милиони луѓе ги каснуваат потенцијално отровни змии, што доведува до дури 138.000 смртни случаи, објави АП.

Минатата недела британскиот „Велхкм траст“ објави програма за справување со проблемот која чини 100 милиони долари, објавувајќи дека постојат нови потенцијални лекови кои можат да се тестираат.

Проблемот со каснување од змија СЗО го нарече „скриена епидемија“, истакнувајќи дека повеќето каснувања може да се лекуваат.

Стратегијата на СЗО вклучува планови за зголемување на глобалниот пристап кон лекување и противотров.

Треба да знаете
Последни објави