Search

СЗО работи на насоки за употреба на лекот ремдесивир

Светската здравствена организација соопшти дека работи на изработка на упатства за употреба на лекот „ремдесивир” за третман на пациенти со Ковид-19, кои треба да бидат објавени за три до четири недели.

Комисијата на СЗО ќе се состане следната недела за да ги разгледа записите за ефикасност на лекот произведен од компанијата „Гилид сајенсиз”.

Главниот научник на СЗО, Сумја Сваминатан рече дека се надева дека пратениците и телата што работат на изработка на упатства за лекување на Ковид-19 во земјите низ целиот свет, меѓу другото, ќе ги земат предвид резултатите од истражувањето.

Соединетите Американски Држави издадоа целосно одобрување за употреба на „ремдесивир” за третман на пациенти со Ковид-19.

Сепак, обемна студија спроведена од СЗО на почетокот на оваа година покажа дека лекот најверојатно немал ефект врз стапката на преживување на хоспитализираните пациенти вклучени во истражувањето. 

Треба да знаете
Последни објави