Search

СЗО подготвува програма за помош на сиромашните земји во борбата против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) се обидува да им обезбеди на посиромашните земји вакцини, тестови и лекови во борбата против коронавирус по пристапни цени. Организацијата разработува програма за снабдување на трети земји со една милијарда тестови за САРС-КоВ-2, како и препарати за лекување на луѓе со полесна здравствена состојба.

Портпарол на СЗО не наведува детали за иницијативата Access to Covid-19 Tools Accelerator (АКТ-А), нагласувајќи дека консултациите продолжуваат во врска со документот кој ќе им биде претставен на лидерите на земјите од Г-20 пред самитот во Рим, кон крајот на октомври. Се очекува СЗО да побара од Г-20 и други донатори да обезбедат дополнителни 22,8 милијарди долари до септември 2022 година.

Целта е да се надмине големата разлика во понудата меѓу богатите и сиромашните земји. Досега, програмата за помош обезбеди финансиска поддршка од над 18,5 милијарди долари. Договорот за дополнителна поддршка мора да биде постигнат до крајот на следниот месец.

Треба да знаете
Последни објави