Search

СЗО: На патиштата гинат 1,35 милиони луѓе годишно

На секои 24 секунди во сообраќајна несреќа згаснува по еден живот во светот, или 1,35 милиони годишно, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Бројот на загинати лица во последните три години се зголеми за околу 100.000, а сообраќајните несреќи сега се водечка причина за смртта на деца и млади на возраст меѓу пет и 29 години, се наведува во новиот извештај на СЗО. „Овие смртни случаи се неприфатлива цена за мобилноста”, пишува во соопштението лиферувано од директорот на СЗО, Тедрос Адхан Гебријес. „Нема изговор за недејствување. Тоа е проблем за кој постојат испробани решенија”, вели тој.

Извештајот на СЗО за безбедност во сообраќајот, кој се темели на податоците до крајот на 2016 година, покажува дека ситуацијата се влошува. Во претходниот извештај, кој го покрива периодот до 2013 година, бројот на смртни случаи во сообраќајни несреќи во светот се проценуваше на 1,25 милиони годишно. Но, и покрај зголемувањето на вкупниот број смртни случаи, стапката на смртност е стабилна, бидејќи се зголемува бројот на луѓе и бројот на возила. „Тоа сугерира дека напорите за безбедност во сообраќајот во некои средно богати и богати земји ја олеснија ситуацијата”, проценува СЗО, појаснувајќи дека тоа е поради подобрите закони кои ги регулираат клучните ризици, како што се прилагодување на брзината на возење, возење под влијание на алкхол, користење на безбедносни појаси и седишта за деца.

Побезбедна инфраструктура, како што е изградба на тротоари и воведување  велосипедски ленти, како и построги критериуми за техничка исправност на возилата, покажаа резултати. Сепак, иако многу земји ги интензивираа напорите за подобрување на ситуацијата, многу сиромашни земји заостануваат.

Според извештајот на СЗО „ниту една сиромашна земја не успеа да го намали вкупниот број загинати луѓе”, а ризикот од губење на животот во сообраќајни несреќи останува трипати повисок отколку во развиените земји, пренесува Хина.

Стапката на смртност е особено висока во Африка, кадешто гинат 26,6 лица годишно на 100.000 луѓе во споредба со 9,3 лица кои загиначе на секои 100.000 Европејци. Европа е дел од светот со најниска стапка на смртност во сообраќајни незгоди.

Извештајот на СЗО ги покажува и најранливите во сообраќајот – повеќе од половина од загинатите во сообраќајни незгоди се пешаци или користеле превозно средство две тркала.

Од вкупниот број загинати,  на пешаците и велосипедистите отпаѓаат 26 проценти (44 проценти во Африка), додека на возачите и сопатниците на мотоцикли претставуваат 28 проценти (43 проценти во Југоисточна Азија).

Треба да знаете
Последни објави