Search

СЗО: Над 86 илјади луѓе заразени од коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека од КОВИД-19 на глобално ниво се заразени над 86 илјади луѓе, а најмалку 2.900 луѓе починале од новиот коронавирус. Заразени од вирусот има во 63 земји.

Властите во Иран, која е една од најтешко погодените земји, соопштија дека има пораст на заразени и за три дена има 385 нови случаи, со што сега во земјата има 978 заразени, а досега 11 луѓе починале.

Министерот за здравство на Велика Британија, Мет Хенкок ја опиша епидемијата како „многу, многу значаен предизвик“ и рече дека претпоставката е дека работите ќе се влошат пред да се подобрат.Велика Британија во моментов има 23 потврдени случаи на коронавирус.

Во Кина, којашто е изворот на вирусот, починаа 2.761 луѓе, а 79.826 се заразени.Најпогодени земји освен Кина се и Иран, Италија, Јапонија и Јужна Кореја.

Треба да знаете
Последни објави