Search

СЗО: Земјите во кои паѓа бројот на заболени се соочуваат со втор бран ако нагло ги попуштат мерките

Земјите во кои се намалува бројот на заболени од коронавирус би можеле да се соочат со втор пик на епидемијата доколку мерките за запирање на истата се олеснат или се укинат прерано, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).

„Светот сè уште е среде првиот бран на пандемијата на коронавирус“, предупреди шефот за итни случаи на СЗО, Мајк Рајан, на брифинг на Интернет, истакнувајќи дека иако бројот на случаи се намалува во многу земји, има голем број на заразени во Централна и Јужна Америка, Јужна Азија и Африка.

Епидемиите, додаде тој, честопати доаѓаат во бранови, што значи дека коронавирусот би можел да се врати подоцна оваа година на местата каде исчезнал првиот бран, но постои можност тој да се забрза доколку мерките за спречување на ширење на вирусот нагло се напуштат.

Рајан оцени дека земјите во Европа и Северна Америка треба да продолжат со примената на мерките за социјална дистанца, мерките за надзор, тестирање и сеопфатна стратегија за да се продолжи траекторијата на падот и да не се случи веднаш да има втор бран.

Треба да знаете
Последни објави