Search

СЗО засега нема да прогласи вонредна состојба на глобално ниво поради новиот коронавирус

Светската здравствена организација соопшти дека нема да прогласи меѓународна вонредна состојба во сферата на јавното здравје поради новиот коронавирус што се појави во Кина.

Експертите на СЗО посочија дека не гледаат причина за таков потег во оваа фаза, но сепак сметаат дека е неопходно денеска да продолжат дискусиите за прашањето во Женева.

Кинеските власти го известиле СЗО на 31 декември за појавата на досега непознатата пневмонија во централниот град Вухан, со население од 11 милиони луѓе. На 7 јануари кинеските експерти ја идентификуваа причината за заболувањето – коронавирус 2019-nCoV.

Возовите и авионите се запрени од вчера во Вухан за да се ограничат ризиците од меѓународно ширење на заразата.

Според ажурираните бројки, властите во Кина потврдија 17 смртни случаи на коронавирусот, а 554 други се заразени. Пациентите со коронавирус се во Вухан, Пекинг, Шангај, Шенжен и во други градови. Инфицирани со коронавирусот има и во Јапонија, Филипините, Јужна Кореја, Тајван, Тајланд и САД.

Треба да знаете
Последни објави