Search

СЗО: Дневен рекорд на новозаболени лица со Ковид-19 во светот

Светска здравствена организација соопшти дека денеска е забележан рекорден број на новозаболени со Ковид-19 – 292.527 лица.

Најголем пораст на инфицирани со новиот коронавирус има во САД, а потоа следат Бразил, Иднија и Јужна Африка.

Во изминатите 24 часа од последици од Ковид-19 починале 6.812 луѓе.

Претходниот рекорден број на новозабоени над 284.000 беше пријавен на 24 јули.

Речиси 40 држави минатата недела пријавија рекорден раст на новозаболени лица на дневно ниво.

Треба да знаете
Последни објави