Search

СЗО: Во судирите во Либија, за две седмици загинаа 213 лица

Во борбите во Триполи, во последните две седмици загинаа 213 луѓе, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

Во насилствата се повредени 1.009 лица, соопшти денеска СЗО.

Генерал Калифа Хафтар, командант на воените сили од источниот дел на Либија, на 4 април ги започна операциите за преземање на Триполи, по што дојде до сериозни судири во Триполи и неговата околина меѓу неговите сили и Владата на национално единство на Либија.

Треба да знаете
Последни објави