Search

СЗО: Во Либија загинале 147 лица, повредени се 614

Најмалку 147 лица загинале, а 614 се повредени во неодамнешните воени активности во Либија, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО на Твитер објави и дека испратила лекарски тимови за да помогнат во болниците во Триполи.

Во Либија моментално има две влади – Влада на национално единство која ја предводи Фајез ел Сараџ со седиште во Триполи, и влада со седиште во источниот дел на земјата која има поддршка од Либиската национална армија која ја предводи Калифа Хафтар.

На почетокот од април, Хафтар објави дека почнал воена операција „за да го ослободи Триполи и ги повика граѓаните да му се придружат”.

Од друга страна, Фајез ел Сараџ, нареди целосна подготвеност на армијата за да се заштитат цивилите.

Светските агенции јавуваат дека на периферијата на Триполи се уште се водат борби меѓу завојуваните страни.

Треба да знаете
Последни објави