Search

СЗО: Вирусот ќе се прошири во другите делови на Кина

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека новиот коронавирус најверојатно ќе се прошири во другите делови на Кина и евентуално во други земји во наредниот период.

„Треба да се очекуваат повеќе случаи во другите делови на Кина и веројатно во другите земји во наредните денови“, рече портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, рече Ројтерс.

Досега во Кина, вирусот во најголем дел е концентриран во градот Вухан, иако има изолирани случаи во Шангај и Пекинг.

Според последните информации шест лица досега починаа како последица на вирусот, а потврдени се над 250 случаи на заразени.

Треба да знаете
Последни објави