Search

Се јави нарачателот на протестот против правдата, тоа што Груевски го нарачува Мицкоски го извршува, но нема да го спаси својот шеф од одговорност

Денеска, ден по протестот на ВМРО-ДПМНЕ против правдата се јави нарачателот на маршот, вистинскиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Шефот на Мицкоски практично потврдува дека тој стои зад целата операција во Скопје за крвавиот 27-ми април.
Мицкоски не може да излезе од контролата на Груевски ниту да донесе автономни одлуки одлуки. Тој е извршител на вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Главна задача му е да обезбеди амнестија за него, но тоа нема да се случи, следува одговорност.
Не успеаја нарачките од Будимпешта по секоја цена да се блокира и опструира Законот за Јавно обвинителство во обвинителство, донесен со двотретинско мнозинство и поддржан од ЕУ, САД, од демократскиот свет.
Законот е најголема закана за извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски. Со Законот за ЈО поставени се темелите на правната држава, секој што се огрешил да одговара пред законите.
Треба да знаете
Последни објави