Search

Се шетал за време на полициски час па се заканил дека ќе го убие полицаецот кој му пишал пријава

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.М.(24) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 01.05.2020, пријавениот во повеќе наврати телефонски му се јавил на полициски службеник од СВР Штип и му упатувал закани по животот во врска со претходно преземени службени дејствија, односно за  поднесена на кривична пријава за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, против Р.Л., пријател на пријавениот.

Треба да знаете
Последни објави